Информации за гаранцијата на вашиот Huawei уред може да се добијат од апликацијата за поддршка или преку официјалната веб-страница на Huawei

За да обезбеди подобра услуга за своите клиенти, Huawei Consumer Business Group во Северна Македонија го продолжува гарантниот период за сите производи на HUAWEI, вклучувајќи слушалки, таблети, преносни аудио и рутер уреди, чија првична гаранција истекува помеѓу 28 ноември 2020 година и 28 февруари 2021 година. За сите нив гаранцијата е продолжена до 1 март 2021 година. *

Информации за гаранцијата на вашиот Huawei уред може да се добијат од апликацијата за поддршка (Услуга->Брза услуга- Предности) или преку официјалната веб-страница на Huawei: https://consumer.huawei.com/mk/support/warranty-query/

Компанијата информира дека од 30 ноември, сопствениците на HUAWEI уреди, без разлика дали сѐ уште се под гаранција или не, може исто така да ја искористат услугата „од врата до врата” на Центарот за услуги на клиенти на Huawei. Ова вклучува бесплатна курирска услуга за корисникот до сервисниот центар и назад, која може да се добие на телфонскиот број 0800 55 550, секој работен ден од 9 до 18 часот. Бесплатната курирска услуга за гарантни и вон гарантни паметни телефони, таблети, лаптопи и паметни часовници ја покрива целата територија на државата.

Центарот за услуги на клиенти во Скопје, на ул. Борис Трајковски 72, почитувајќи ги сите препораки и мерки за претпазливост од КОВИД-19, останува отворен, така што секој клиент може да добие најпогодна и пријатна услуга.