Samsung Galaxy S21 серијата се очекува да биде лансирана во јануари следната година, порано од вообичаеното во однос на претходните години. Еден од моделите од претстојната серија Galaxy S21+ е забележан на BIS (Bureau of Indian Standards) навестувајќи негово лансирање во Индија. Деталите за телефонот во минатото протекоа во неколку наврати, а сега се потврдува дека ќе има голем 6,7-инчен екран со брзина на освежување од 120 Hz.

Моделот Samsung Galaxy S21+ за кој се очекува дека ќе биде дел од претстојната Galaxy S серија е забележан на индискиот сајт за сертификација BIS со бројот на модел SMG996B / DS. RootMyGalaxy прв го забележа овој сертификат. DS во листингот навестува можност за dual-SIM. Покрај ова, листата не нуди никакви детали за телефонот, освен што ќе се појави на индискиот пазар.

За овој уред се истакнува дека е среден модел во Galaxy S21 серијата, помеѓу S21 и S21 Ultra. Samsung Galaxy S21+ неодамна е забележан на Geekbench со Qualcomm Snapdragon 875 чипсет, 8 GB RAM и Android 11.

Претходните протекувања на податоци сугерираат дека Galaxy S21+ може да понуди 6,7-инчен full-HD+ LTPS екран со брзина на освежување од 120Hz. Во поглед на оптиката, за a Galaxy S21+ се вели дека има тројна поставка на задната камера, со ултраширока камера од 12 мегапиксели, примарен сензор од 12 мегапиксели и телефото снимање од 64 мегапиксели. Се очекува дека Samsung Galaxy S21+ ќе нуди опции на поврзување како 5G, 4G LTE, Wi-Fi 6 и Bluetooth v5.1. На крајот, уредот има батерија од 4.800 mAh со поддршка за брзо полнење од 25W.