Заштитните маски во текот на пандемијата станаа оној предмет кој што секогаш проверуваме дали сме го понеле во текот на излегувањето од домот.

Покрај клучевите, мобилниот телефон, паричникот, незамисливо е денеска да излеземе од дома без заштитна маска на лицето.

Еднаш кога експертите посоветуваат дека заштитните маски се оној детаљ кој што може да штити од коронавирусот, ние мора да ги носиме.

Кој е најдобриот начин да ги чуваме заштитните маски?

Експертите одговорија на тоа прашање, а ова се кратки упатства за оние кои што наоѓаат во дилема.

Одредете суво, чисто место за складирање на маската – тоа е првото нешто кое што го нагласуваат експертите.

Обидете се да ги држите што подалеку од останатите предмети кои што често ги допирате со рацете и кои што не се целосно чисти.

„Луѓето забораваат на тоа дека заштитната маска по правило треба да се допира исклучително со дезинфицирани или пак измиени раце“, вели инфектологот Питер Чин-Хонг.

„На пример маската не треба да се чува во фиока во која што чувате долна облека или пак таму каде што има кујнски крпи. Но, мора да размислите околу лабораториските услови за чување… Најважно е да одредите место кое што е резервирано само за неа“, вели експертот.

Не заборавајте на перењето

Заштитните маски не треба да ги носиме „незаштитени“ во чанта, во џеб или пак каде што може да дојде во допир со потенцијално контаминирани предмети.

Со чисти раце ставете ја маската во кеса и потоа во чантата. Може да ја носите и во посебен несесер. Не допирајте го централниот дел од маската кој што оди над носот и устата, туку фаќајте ја за врвките.Маската треба да се пере по секое носење.

Извор: Srbija Danas