Јужнокорејската компанија Samsung со своите флексибилни телефони, покажа во која насока може да се движи дизајнот на мобилните уреди.

По првиот Galaxy Fold модел, Z Flip и Z Fold 2 покажаа дека Samsung ги слуша корисниците, но и дека има уште простор за подобрување.

Токму ова подобрување наскоро ќе ја види светлината на денот. Според документите до кои дојде порталот LetsGoDigital, Samsung разгледува комплетно нова форма на флексибилен телефон.

Тука, екранот би бил преклопен на три дела, а посебен додаток би била тастатурата „на извлекување“, чија цел би била полесно користење на телефонот.

Според податоците што Samsung ги достави до корејските институции, станува збор за уред кој се преклопува на две места.

Тастатурата е „скриена“ во едниот дел од екранот, а другиот дел од екранот секогаш би бил достапен за корисникот, со можност да биде поставен во различни позиции.

Нема технички податоци, но се чини дека целиот уред, кога е составен, не зазема многу повеќе простор од моделот Z Fold 2.

Извор: B92.net