PAL-V Liberty, кој чини најмалку 300.000 евра, за две години ќе има и дозвола за летање

PAL-V Liberty, еден од првите проекти за летечки автомобил, ги поминал последните тестови за хомологација и сега има дозвола да патува по јавни патишта во Европа.

За да го добие сертификатот, оваа малку „чудна“ машина поминала низ сериозна програма за тестирање од уште од февруари оваа година. Програмата вклучувала интензивни тестови на брзи делници, проверка на емисиите и сопирачките, како и мерења на загадувањето за бучава. Сега, како и секој друг модел на нов автомобил, летечката машина ќе може да добие регистарска табличка и да се користи како стандарден автомобил.

Хомологацијата на Liberty како автомобил е уште еден чекор кон авио сертификација на моделот. Дизајнот на PAL-V е во процес на ваква сертификација од 2015 година под контрола на Европската агенција за безбедност на воздухопловството, а процесот се очекува да биде финализиран до крајот на 2022 година.

Пред да се спроведат последните 150 часа лет, PAL-V Liberty ќе мора да помине повеќе од 1.200 други тестови. Дури тогаш компанијата ќе може да понуди испорака на клиенти. Самите клиенти ќе мора да поминат специјална обука за летање со специјалисти на компанијата, слична на онаа за пилотите на хеликоптери.

PAL-V Liberty е возило со три тркала кое може да се трансформира во летало за 5-10 минути. Името е кратенка од Personal Air and Land Vehicle или лично возило за воздух и копно и е дело на холандска компанија основана од искусни специјалисти.

Сè уште нема детални технички информации за летечкиот автомобил, но компанијата наведува дека машината има два авионски мотори Rotax. Тежината на летечкиот автомобил е 660 килограми и ќе понуди простор за возач/пилот и уште еден патник.

Извор: Додај Гас