Apple пред два дена ја претстави iPhone 12 линијата, а сега стандардниот iPhone 12 и iPhone 12 Pro моделите се појавија на AnTuTu бенчмарк, давајќи увид во синтетичките перформанси. Двата iPhone 12 модела ги покренува A14 Bionic чипсет, иако овие сирови резултати покажуваат малку разочарувачкат статистика во споредба со Qualcomm Snapdragon 865 чипсетот, кој го користат поголем дел од Android премиум смартфони.

Комбинираниот резултат од околу 570.000 поени за CPU, GPU, RAM меморијата и корисничкиот интерфејс за iPhone 12 моделите не е споредлив со просечните резултати од околу 660.000 поени, колку што во просек постигнуваат најмоќните Android модели.

Најголемата разлика е забележана во доменот на GPU резултатите, кои се за околу 40 проценти пониски во случајот на iPhone. Во останатите три сегменти, Apple забележа околу 10 проценти послаби перформанси и околу 6 проценти разлика на полето на меморијата.

Ова е и прва потврда по објавата на iPhone 12 линијата, дека 12 Pro моделите ќе имаат 6GB RAM, додека стандардните и мини модели ќе пристигнат со 4GB RAM.

Останува да се види како A14 Bionic се однесува во реалната работа, но на Antutu 8 бенчмарк тесктот, iPhone 11 Pro Max своевремено оствари резултат од 536.883 поени, што на iPhone 12 и iPhone 12 Pro моделите им дава предност од само 5-6 проценти.