Без оглед на тоа колку автопилотот на Tesla е напреден, тоа и натаму не е во целост автономен систем за управување со возилото. Некои возачи овој факт едноставно не го доживуваат.

Сопственик на Tesla Model X одлучи да се пофали колку неговиот автомобил е паметен во сообраќајот по новите надградби, па седна на совозачкото место и со телефонот сними дел од возењето на автопат препол со возила.

„Новата надградба доведе до тоа Tesla да ме носи на појадок“, напиша возачот и досега собра 24 илјада лајкови и 31.000 коментари на Facebook.

Овој пат, автопилотот на Tesla ја одработи работата на ниво, но тоа сепак не е во целост автономен систем и замислен е повеќе како напреден систем за асистенција во возењето.

The new upgrades got the Tesla ? ? Driving me to breakfast ? ? #TeslaGang #Tesla #TeamToyz Go follow more on IG @Houseoftoyz

Posted by Albert Siplen on Недела, 27 септември 2020

Автопилотот на Tesla има премногу корисни функции, од следење на сообраќајните ленти, самопаркирање, автоматските промени на сообраќајните ленти, полуавтономната навигација само на одредени автопатишта, контрола на возењето со активно следење на сообраќајот, па до повикивање на возилото од паркинг местото.

Тоа се се корисни алати во возењето, но возачот конечно е оној што ги донесува најбитните одлуки (и паметните и оние помалку паметни).

Од Tesla е најавено и дека наскоро пристигнува и целосно автономен автопилот и дека неговата бета-верзија ќе биде достапна кон крајот на годината.