Луѓето заразени со коронавирус можат да имаат симптоми кои варираат од благи до непостоечки, па се до многу тешка клиничка слика и смртен исход.

Две нови студии ја утврдија една од причините поради кои некој има многу тежок случај на корона, а некој поминува практично без симптоми.

Истражувањето спроведено на Универзитетот Рокфелер покажа дека одреден број на пациенти имаат мутација на гените, што учествуваа во реакцијата на телото на „нападот“ на вирусот.

Мутацијата на гените го тера организмот да создава авто-антитела, кои наместо вирусите, го „напаѓаат“ самиот организам во него прават хаос.

„Не запрепасти истражувањето што покажа дека организмот кај пациентот со мутација на гените реагира така што ги напаѓа сопствените ќелии, не вирусот. Ова е откритие кое веднаш ќе има големо влијание на дијагностиката и лечењето“, истакна Жан-Лоран Казанова, водач на студијата.

„Доколку е некој позитивен на коронавирус, би требало понатамошното лечење да опфаќа и тест на авто-антителата, и адекватна реакција на медицинскиот екипаж доколку се утврди дека постојат. Отстранувањето на тие антитела од крвта би можело значајно да го олесни понатамошното лечење и симптомите на болеста“, изјави тој.

Во истражувањето иницијално учествувале 987 пациенти, но тоа продолжува и сега се анализираат податоците на лечење на повеќе од 3.000 пациенти со тешка клиничка слика.