Ринат Максјутов, генералниот директор на државниот Институт за вирусологија и биотехнологија „Вектор“, кој ја развива втората вакцина против коронавирусот во Русија, вели дека под одредени услови можно е да се стекне доживотен имунитет против Ковид-19.

Во интервју за руската државна телевизија Русија 1, Максјутов ијави дека пациентот може да добие доживотен имунитет на инфекцијата доколку прележи потешка форма на болеста.

„Со одредени карактеристики на имунолошкиот систем, ако некое лице имало тешка форма на Ковид-19, тоа може да развие доживотен имунитет на инфекцијта“, смета Максјутов.

Давајќи информации за вакцината изработена од институтот „Вектор“, тој истакнал дека антителата против Ковид-19 почнуваат да се развиваат 14 дена по првата вакцина, но заштитниот титар се развива по втората вакцина. Интервалот помеѓу двете вакцини бил 21 ден.

Наведувајќи дека институтот „Вектор“ планира да лансира две вакцини кои спречуваат корона, генералниот директор додал дека овие две вакцини, кои ќе ги користат цивили, се избрани од шест претходно развиени платформи.

Постапката за регистрација на првата вакцина против вирусот, што ја разви центарот „Вектор“, треба да заврши до 15 октомври.