Доколку ова е „нормална“ година, iPhone 12 веќе би бил излезен во продажба, но одлуката на Apple да го одложи најочекуваниот смартфон во овој дел од годината разочара многумина.

Сега се појавија нови информации кои се однесуваат на датумот на излегување на овој телефон.

Дури четири iPhone 12 модели ќе бидат објавени оваа година, а се споменува датумот 13. октомври. Последниот во низа „сигнал“ дека тогаш ќе се појави уредот се тврдењата на дојавувач, кој го контактирал познатиот сајт AppleInsider. Се тврди дека Apple ќе го претстави iPhone 12 на 13. октомври, а дека преднарачките ќе почнат од 16. октомври.

Ова не е прв пат да се споменува овој датум. Џон Просер (твитер дојавувач) претходно истакна дека новата iPhone 12 серија ќе биде објавена на 13. октомври. Сепак, постои шанса iPhone 12 да биде претставен уште порано, како што известува MacRumors. Според популарниот сајт, претседателот на EE и BT Consumer телекомуникациските компании, Марк Алера изјави дека само неколку дена сме оддалечени од големото лансирање на првиот 5G iPhone.

„Само неколку дена“ може да значи дека Apple ќе го пласира производот кон крајот на септември или почетокот на октомври, а судејќи според новите информации, тоа дефинитивно ќе биде октомври. Оваа недела ќе биде многу важна за IT светот, бидејќи истиот ден најверојатно ќе биде претставен Amazon Prime Day, додека на 14. октомври ќе биде објавен OnePlus 8T смартфонот.