Хуманоидните карактеристики на црната фигура го навеле самонаречениот „ловец на вонземјани“ да верува дека пронашол доказ за робот кој што го направиле вонземјани.

Скот Веринг забележал „робот“ додека гледал сателитски снимки од базата на воздухопловните сили на САД во Невада, по пат на „Google Earth“.

Тој забележал интересен облик кој што бил сместен помеѓу зградите.

Хуманоидните карактеристики на црната фигураго навеле самонаречениот ловец на вонземјани да верува дека пронашол доказ за робот кој што го направиле вонземјани.

Необичната фигура може да се види со внесување на точни координати 37°13’26.26″N 115°49’2.37”W на платформата „Google Earth“.

„Пронајдов темна фигура од 16 метри во Област 51, а изгледа како да има уште една десно од неа, но покуса“ – напишал Веринг на својот блог за НЛО.

„Кога ја погледнав фотографијата од таа локација, забележав дека една од фигурите навистина мрда, потоа ги менува позите на секоја наредна фотографија. Поточно се движи“ – додал тој.

Иако неговите теории се фасцинантни, сепак поедноставно објаснување е дека тој „робот“очигледно е зграда или пак обична сенка.

Инаку, Веринг досега имал и многу други „откритија“ користејќи „Google Earth“,вклучувајќи ги и снимките на NASA од Црвената планета.

Инаку, фотографиите кои што Веринг ги прикажал се доказ дека Област 51 е воен комплекс кој што е извор на многубројни теории на заговор.