Само еден ден нѐ дели од Galaxy Unpacked for Every Fan настанот на Samsung и претставувањето на специјалната S20 серија на паметни телефони, создадени според желбите на корисниците.

Во пресрет на утрешната презентација со почеток во 16. часот, Samsung објави трејлер за настанот, со повеќе индикации за она што нѐ очекува во врска со претставувањето на најновите уреди и иновации на компанијата.

Според последните извештаи, очекуваниот Galaxy S20 FE модел ќе се најде помеѓу Galaxy S20 и S20+ моделот, а ќе има 6,5-инчен AMOLED дисплеј со стапка на освежување од 120Hz.

Малиот засек во врвот на горната половина на екранот ќе имплементира 32MP селфи камера, додека на задната страна се очекуваат 12MP главна камера, 8MP телефонот со 3x оптички зум и 12MP ултраширок сензор.

Остатокот од спецификациите вклучуваат 4500mAh батерија, Snapdragon 865 чип за 5G верзијата и Exynos 990 за 4G моделот. Оперативниот систем е Android 10 со OneUI 2.5 интерфејс.

Познато е и дека смартфонот ќе биде достапен во црвена, темно сина, розева и зелена боја.

Во меѓувреме, погледнете го официјалниот трејлер за повеќе индикации за она што нѐ очекува и не ја пропуштајте шансата на 23 септември 2020 во 16 часот да бидете дел од претставувањето на најновите уреди и иновации на Samsung.

Првото промотивно видео за Galaxy S20 FE се фокусира на камерите (ВИДЕО)