Facebook соопшти дека првите очила за проширена реалност (AR) за потрошувачите ќе бидат пуштени во продажба следната година.

Оваа информација ја најави Извршниот директор на компанијата, Марк Цукерберг во текот на Facebook Connect конференцијата. Овој уред ќе биде врв на работата на експерименталниот истражувачки прототип, што се нарекува Project Aria, a кој компанијата Facebook ќе почне да го тестира овој месец.

Компанијата со години разговараше за своите планови за производство на AR уред што потсетува на стандардни очила, а сега тоа доведе до соработка со производителот Ray-Ban EssilorLuxottica за дизајнирање на рамките, потврдувајќи ги гласините од минатата есен.

Не знаеме никакви детали за тоа како ќе се викаат Facebook AR очилата, како изгледаат или колку би можеле да чинат. Но AR очилата дизајнирани да изгледаат како стандардни очила станаа се почести во последните години, а компаниите како North (сега во сопственост на Google) и Nreal развија прилично импресивни уреди.

Во меѓувреме, сите главни технолошки гиганти – вклучувајќи ги Amazon, Apple, Google, Intel и другите, или веќе направија AR очила или се говори дека работат на нив.

Компанијата претходно оваа година ги објави техничките рендери и прототипи на дизајнерските слики за тоа како би можеле хибридните AR-VR уреди да изгледаат во иднина.