Збунетоста поради неуспехот бргу ја замени амбициозна идеја: ако веќе не можам да ги купам, зошто сам да не ги направам?

Во биографијата на американскиот претприемач и освојувач на вселената Илон Маск се случувале необични пресврти. Еден од нив е патувањето во Москва со цел набавка на неколку руски ракети. Доколку тоа патување не завршило како што се завршило, летовите во Москва и вселената можеби и воопшто немало да ги има.

Маск планирал да ја напушти Русија со три ракети. Меѓутоа, договорот не успеал. Редовниот член на руската Академија на космонаутиката и некогашен претставник на компанијата „Космотрансˮ кој учествувал во преговорите Владимир Михајлов се сеќава дека преговорите траеле околу час и половина.

Продавачот барал осум милиони долари за ракета, додека Маск сакал истата сума да ја плати за две. Никој не попуштил.

„Во принцип тоа не може да се продаде. Што е тоа ракетен систем? Тоа е позициски реон со огромни подземни објекти во кои се наоѓа ракета. Таа се уфрла во фабрика и повеќе никогаш не се вади“, вели Михајлов.

Преговорите не успеале. Меѓутоа, збунетоста со која Маск ја напуштил Москва брзо ја сменила низа амбициозни идеи. Ако веќе не можеме да ја купиме, зошто сами да не ја направиме?

Извор: Russia Beyond