Компанијата SpaceX го прекина лансирањето на нови 60 сателити од Starlink интернет мрежата.

SpaceX го прекина лансирањето на новата група Starlink сателити поради проблемите кои веројатно се поврзани со плановите на враќањето на ракетата. Меѓутоа, обидот за ново лансирање ќе следува наскоро, доколку тоа го дозволат временските услови.

За лансирањето на сателитите ќе се користи Falcon 9 ракетата, а според очекувањата, постојат само 30 проценти шанси за поволно време.

Лансирањето би требало да се изврши од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида, од рампата Pad 39A.

Целта на Starlink сателитите е да креираат мрежа што ќе овозможи пристап до брз интернет. Досега SpaceX лансираше повеќе од 700 сателити, а целта е во раната фаза да ги има вкупно 1.440.

Следното лансирање ќе биде вкупно 94. лет за ракетата Falcon 9. Овој примерок е веќе лансиран и спуштен пет пати.