Samsung Galaxy S20 FE повторно се појави на протечени фотографии, а овојпат можеме да видиме како телефонот изгледа во рака. Дојавувачот @jimmyispromo објави фотографии од уредот во Cloud Navy боја, а укажува и на некои од главните карактеристики на уредот.

Според големината, Galaxy S20 FE ќе се најде помеѓу Galaxy S20 и S20+ моделот, а ќе има 6,5-инчен AMOLED дисплеј со стапка на освежување од 120Hz.

Малиот засек во врвот на горната половина на екранот ќе имплементира 32MP селфи камера, додека на задната страна се очекуваат 12MP главна камера, 8MP телефонот со 3x оптички зум и 12MP ултраширок сензор.

Остатокот од спецификациите вклучуваат 4500mAh батерија, Snapdragon 865 чип за 5G верзијата и Exynos 990 за 4G моделот. Оперативниот систем е Android 10 со OneUI 2.5 интерфејс.

Samsung Galaxy S20 FE ќе биде претставен на 23. септември, а очекуваната малопродажна цена на телефонот во Европа ќе изнесува 700 евра.