Инженерите од MIT, во соработка со Масачусец Универзитетот открија начин како да направат леќа за камера, која нема типичен сферичен облик за ултра-широки снимки, а сепак ја обезбедува популарната fisheye дисторзија. Fisheye леќите се во состојба да опфатат 180 и повеќе степени, но се прилично комплцирани и скапи за производство. Таквите леќи се многу дебели и не се корисни за малите камери, како ни за вградување во смартфоните.

Сега прв пат добивме рамни леќи што се во состојба да фатат ист агол и да обезбедат панорамски приказ на сликата. Тоа е остварено со поставување на тенок слој стакло со микроскопска тродимензионална структура, што е прецизно нанесена во точно одреден распоред. Верзијата која истражувачите ја направиле е дизајнирана да работи со инфрацрвениот дел на спектарот, но со ситни адаптации во дизајнот може да се искористи и за видливиот дел на светлосниот спектар. Без оглед дали се работи за IR или видлива светлина, ова откритие открива многу потенцијални идеи за употреба.

Ова е уште еден пример за развој на „мета-леќи“ кои ги користат микроскопските структури за менување на оптичките карактеристики, наместо традиционалниот дизајн. За разлика од некои други обиди, истражувачите успеале да добијат детална и прецизна панорамска слика која фаќа агол од 180 степени.

Дури и самите инженери биле изненадени од квалитетот на добиените слики. Со оглед дека производството на ваквите леќи е поевтино и полесно од стандардните широкоаголни леќи, а резултатот е идентичен, па дури и поквалитетен, можеме да очекуваме дека наскоро ќе почне да се применува барем во некои поспецифични полиња, како што е на пример медицината. А подоцна оваа технологија многу веројатно ќе стигне и во областа на мобилните телефони и дигитални камери, каде ваквите леќи и најмногу се користат.