Во четврток е подигнато обвинение против Instagram во која оваа компанија се обвинува дека ги шпионира своите корисници преку iPhone камерите. До тужбата дојде откако во јули е откриен баг, за кој Facebook тврдеше дека не ја користи камерата, иако iOS софтверот покажуваше инфикација дека е активна.

Тужбата ја покрена корисникот Британи Кондити, а во неа се наведува дека Instagram константно и пристапува на камерата на телефонот додека апликацијата е активна и ги следи корисниците без нивно знаење и дозвола. Благодарение на тоа, Instagram и неговата матична компанија Facebook имаат можност да ги следат дури и најинтимните моменти на корисниците, а податоците што ќе ги соберат се користат за истражување на пазарот.

Facebook одби да ја коментира тужбата, но во текот на јули објави дека во прашање е грешка во софтверот и дека компанијата не и пристапува на камерата преку оперативниот систем на телефонот, ниту снима било каква содржина. Ова не е прв пат да се случуваат такви работи. Имено, во текот на 2019. година, корисниците пронајдоа уште една грешка, овојпат во Facebook апликацијата, која самостојно ги вклучуала камерите на нивните уреди. Многумина овие инциденти ги поврзуваат и со видео снимката, што во 2016. година кружеше на интернет, во која се гледа основачот на Facebook, Марк Цукерберг како на својот лаптоп има камера, преку која е поставена непроѕирна леплива лента.