Во продавница во Јапонија е тестиран робот со кој управуваат луѓе, а чија задача е да го надомести недостатокот на работна сила.

Станува збор за роботот Model-T на компанијата Telexistence, а со кој се управува со далечинско управување и хедсет.

Развиен е во време кога продавниците во Јапонија имаат проблем со недостаток на работна сила, а задачата на роботот е да го олесни полнењето на фрижидерот и полиците.

Во објавеното видео е прикажано како еден човек го контролира роботот во продавницата FamilyMart додека тој се наоѓа во канцеларија на Telexistence, оддалечена околу 8 километри.

Целта на компанијата е до 2022 година да има роботи во 20 продавници на FamilyMart, пишува Endgadget.

Извор: Klix.ba