Научникот истакнал дека честичките од коронавирусот максимално можат да предизвикаат непријатност, затоа што во момент на воведување на непознат антиген во организмот кај вакцинираните луѓе, кај човекот посилно почнува да работи имуниот систем.

„Честичките од коронавирусот во вакцината против Ковид-19 не можат да му наштетат на организмот“ – изјавил директрот на Истражувачкиот центар „Гамалеј“, Александар Гинцбург.

Според неговите зборови, во моментот на правење на вакцината користени биле мртви честички, направени врз основа на аденовирус:

„Честичките кои што можат да се репродуцираат себеси се означуваат како живи. Овие честички(кои се користени во вакцината) не можат да се размножат“ – изјавил Гинцбург за „Русија 24“.

Како што кажал тој, токму поради тоа нема причина за страв дека вакцината може да му наштети на човекот.

Научникот истакнал дека честичките од коронавирусот максимално можат да предизвикаат некаква непријатност, затоа што со воведување на непознат антиген во организмот на човекот, при вакцинирање, на човекот имуниот систем почнува посилно да му работи:

„Кај некои од луѓето се прават такви услови, природно да се зголеми телесната температура.Во текот на клиничките тестирања на вакцината, кај руските доброволци телесната температура понекогаш се искачуваше и до 37-от степен, понекогаш и до 38-от, но тој проблем брзо се решава со парацетамол“ – изјавил Гинцбург.

Која е разликата помеѓу вакцината против Ковид-19 и грип?

За една година до две ќе биде јасно дали ќе се менува составот на вакцината против коронавирусот и дали ќе биде доволно да се прими само една доза.

Како што објаснил Гинцбург, можно е сè да се одвива како и кај вакцинирањето против обичен грип.