Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија „слабата точка“ на корона вирусот SARS-CoV2.

Експертите тестирале терапевтско средство против коронавирусот и откриле дека 3CLpro (C30 ендопептидаза) е основниот ензим во развојот на вирусот SARS-CoV-2.

Коронавирусната 3CLpro протеаза е моќна мета затоа што има витална улога во репликацијата на вирусот.

При користење на пронајдените инхибитори во оваа протеаза, кај лабораториските глувци, се докажало дека овој препарат ја запира репликацијата на вирусот.

Како што наведуваат научниците, таквото влијание на ”слабата точка” на вирусот, овозможува да се блокира репродукцијата не само на MERS, туку и на MERS-CoV и SARS-CoV-2.

Како следен чекор, научниците истакнуваат дека потребно е ефикасноста на лекот да се провери на луѓето.

Извор: Srbija Danas