Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува плаќање со криптовалути во Русија.

Законот предвидува од 2021 година да се извршувааат трансакции со дигитални финансиски средства, но се забранува употребата на криптовалутите како средство за плаќање.

Документот од 107 страници беше објавен на официјалниот интернет портал за правни информации. Документот ги регулира односите што произлегуваат од издавањето, пресметката и прометот со дигиталните финансиски средства.

Законот исто така забранува рекламирање на дигитална валута како начин на плаќање. Граѓаните можат да станат сопственици на дигитални финансиски средства (токени), но само доколку се создадени во рамките на руското законодавство, пренесува Спутник.

Купувањето и продажбата на дигитален имот ќе биде можно во рамките на специјалните информативни системи, кои мора да бидат во согласност со руското законодавство и да бидат вклучени во регистарот на Банката на Русија.