Резервната копија на личните податоци е секогаш добра идеја за корисниците да се осигураат дека нема да изгубат некој документ, фотографија или друга важна датотека. Сопствениците на iPhone телефони наскоро ќе имаат и дополнителна можност за да направат резервна копија на податоците кои се зачувуваат на облак, пренесува Digital.bg

Google One е услуга за претплата која на корисниците им овозможува да зачуваат информации од најпопуларните апликации и услуги на компанијата за месечна претплата. Всушност, оваа услуга значително ги развива и ажурира можностите на Google Drive.

Корисниците имаат можност да се претплатат на многу поголем простор, кој може да достигне импресивни 30ТВ. Исто така, постојат различни дополнителни додатоци, како и опција за една сметка да ја користат неколку корисници, што е погодно за сите членови на семејството.

Пред само неколку месеци, Google One беше ажуриран со многу интересна опција, што автоматски ги архивира личните информации на корисниците со платени сметки. Добрата вест е дека Гугл ова веќе прави бесплатно, пренесува TechRadar.

Ова значи дека сопствениците на Android сега можат да го користат Google One за да направат бесплатна копија на нивните лични информации. Компанијата потврди дека исто така ќе им овозможи на корисниците на iOS да ја искористат оваа можност.

За оваа намена ќе биде воведена нова верзија на мобилната апликација Google One. Резервните опции вклучуваат различни формати на датотеки, како што се текстуални пораки, контакти, е-пошта, фотографии, видеа и друго. Бесплатната сметка ќе нуди складирање до 15 GB.