Според експертите, три видови на осип се уште еден потенцијален симптом за коронавирусот.

Истражувачите од „King’s College“ во Лондон велат дека осипот е четврт клучен симптом кој се појавува кај пациентите кои се заразени со Ковид-19. Заедно со промената на кожата се појавија и овие три симптоми: висока температура, континуирана кашлица и губење на чувство за мирис и вкус.

Студијата во која учествувале 366.000 пациенти од Велика Британија заразени со коронавирус, покажала дека 8,8% имале осип на кожата. Нешто повеќе од 12.000 пациенти имале некаква форма на реакција на кожата на вирусот.

Кај 17 отсто од пациентите осипот бил првиот симптом и знак дека се заразени.

Промените на кожата најчесто се појавувале во три форми – црвени печати или точки кои пецкаат на одредени делови од телото – најчесто на лактите и колената, нозете и рацете, и виолетови плускавци на прстите на рацете и нозете.

Исто така, уште еден од симптомите е промена во усната празнина. Појава на дамки на јазикот и лезиите во устата исто така се карактеризирани како симптоми на Ковид-19од страна на научната заедница.

Извор: Kurir.rs