Како што стојат работите сега, ќе бидат потребни повеќе од една доза на вакцината за имунизација против коронавирусот, а на постарите можеби и три, изјави Бил Гејтс за CBS.

Основачот на Microsoft, кој со своите изјави за вакцината буквално го крена светот на нозе и ги запали теориите на заговор, вели дека надежта дека една доза на вакцината би била доволна, но само на почетокот на пандемијата.

Тој во интервју за CBC News изјави дека за напорите да се најде вакцина против коронавирусот ќе биде потребен голем напор, на глобално ниво.

„Во овој момент, се чини дека ниту една од вакцините кои се прават не е доволна за заштита во една доза. Тоа беше надеж уште на самиот почеток. Можеби вакцините кои ќе бидат направени подоцна ќе нè изненадат позитивно. Но, засега, како што стојат работите, не. Кога станува збор за постарите лица, можеби ќе треба да земат повеќе од две дози“, изјави Гејтс.

Извор: Bankar.me