Обединетите Арапски Емирати на 14-ти јули во 22:51 часот по локално време, ќе ја лансираат својата прва вселенска мисија кон планетата Марс.

Емиратското летало кое што треба да се упати кон Црвената планета се нарекува „NADA“.

Тоа воедно е и првиот метеоролошки сателит на Марс кој што ќе истражува и собира податоци за атмосферата и климатските услови на Марс.

Се очекува емиратското летало да пристигне на одредената дестинација во месец февруари во 2021-та година, се наведува во соопштението на амбасадата на Обединетите Арапски Емирати.

Деталите за мисијата и преносот на лансирањето на „NADA“, може да се следат на овој ЛИНК во живо.