Иако за некои 6GB RAM на телефон не делува импресивно, со оглед на тоа дека некои Android телефони пристигнуваат и со до 16GB меморија, за Apple корисниците ова ќе биде значајна количина на RAM.

Apple дури неодамна почна да уфрла повеќе RAM во iPhone моделите, а изгледа дека iPhone 12 линијата би можела да има до 6GB. Дојавувачот @L0vedream на Twitter објави дека iPhone 12 Pro ќе има 6GB RAM, додека остатокот од новата линија смартфони ќе има 4GB меморија.

Овие информации се согласуваат со претходните предвидувања дека 6.7-инчниот и еден од 6.1-инчните модели ќе бидст опремен со повеќе RAM, отколку што ќе имаа iPhone 12 моделите од 5.4 и 6.1 инчи.