Аналитичарот Минг-Чи Куо сугерира дека првиот Mac лаптоп со Apple ARM процесорот ќе биде 13,3-инчниот MacBook Pro. Куо верува дека производството на овој модел ќе почне во текот на четвртото тримесечје на 2020. година, додека MacBook Air со A серијата чипови ќе пристигне нешто подоцна – или кон крајот на оваа или на почетокот на 2021. година.

Apple веќе порано истакна дека оваа година ќе го испорача својот прв Mac уред заснован на ARM технологија, но не беше познато кој модел ќе го имплементира овој чипсет. Кога се работи за MacBook Pro лаптопот, корисниците со право можат да очекуваат извршување на потешките задачи, како што е обработка на фотографии и видео.

Според наводите на Куо, новите чипови би можеле да ја намалат цената на производство на Mac уредите и на Apple да му овозможат да ги продадат по пониска цена. Аналитичарот предвидува дека во таа ситуација Apple би можел да испорача помеѓу 18 и 20 милиони Mac уреди во текот на 2021. година, во споредба со 14,5 до 15,5 милиони во текот на 2019. година.