Неотворен примерок од видео играта Super Mario Bro од 1985 година вчера е продаден на аукција во САД за рекордни 114.000 долари.

Досега најскапо платена видео игра беше јапонската верзија на „Мега ман“ од 1987 година, за која беа платени 75.000 долари.

Јапонската компанија Нинтендо ја претстави играта Super Mario Bro во 1985 година, за подоцна главниот јунак Марио да еволуира во 3Д икона на видео игрите, а снимени се и телевизиски серии и филм со него.