Шпанската полиција уапси 94 лица под обвинение за кражба на половина милион евра со помош на измама преку интернет, соопшти локалната полиција.

За таа цел, групата користела таканаречена „СИМ“ размена, со која криминалците, откако го дознавале телефонскиот број на жртвата, барале реиздавање СИМ-картичката за да добијат на тој начин целосен пристап до банкарските сметки.

Полициската акција во Шпанија била спроведена во различни региони, по што приведени се 94 лица под обвинение за измама, перење пари, вмешаност во криминални групи и фалсификување документи. Украдената сума изнесувала околу 504,8 илјади евра, а само од една банкарска сметка биле повлечени 240.000 евра.