Достапните информации сугерираат дека Samsung ќе претстави неколку смартфони во текот на својот Unpacked настан на 5. август. Се очекуваат два Note20 модела, Galaxy Z Flip 5G и наследникот на Galaxy Fold. Сега дознаваме дека премиум флексибилниот телефон ќе го носи името Galaxy Z Fold 2.

Оваа промена во името би требало да го обедини претстојниот флексибилен уред со останатите модели од Z Flip серијата. Уште еден доказ дека Samsung ќе ја изврши оваа измена е веб-страницата за Galaxy Fold во САД, кој ја прикажува Galaxy Z ознаката пред Galaxy Fold името во URL. Останува да се види дали оваа промена на името и ќе се обистини.

Гласините и вестите за наследникот на Galaxy Fold се појавуваат често, а најголем дел од нив укажуваат на тоа дека не очекуваат поголеми екрани (однадвор и одвнатре), модернизирани камери и Snapdragon 865 чипсет.

Се очекува дека надворешниот екран ќе има големина од 6,23 инчи, додека внатрешниот флексибилен дисплеј ќе има големина од 7,7 инчи. Samsung веројатно ќе се одлучи за punch-hole засек и Ultra Thin Glass (UTG) конструкција. Исто така, неодамнешниот листинг потврди поддршка за 25W полнење.