OnePlus Nord ќе биде официјализиран на 21. јули во рамки на специјална AR презентација. Оваа информација е откриена преку протечен Amazon India линк за настанот.

Во објавата на официалниот Instagram профил за Nord телефонот, OnePlus го откри и малопродажното пакување во кое ќе се нуди уредот. Кутијата е во црна боја со цијан детали. Интересно е дека на една од промо фотографиите OnePlus укажува и на отпорноста на кутијата.

OnePlus Nord ќе има 6.55-инчен Super AMOLED екран со 90Hz стапка на освежување, а ќе го покренува Snapdragon 765G чипсет. Ќе има систем со четири камери, со главен сензор од 64MP, како и две камери од предната страна (32MP + 8MP).

Смартфонот првобитно ќе биде достапен во Европа и Индија, а се очекува дека ќе чини под 500 долари.