Се појавуваат се повеќе информации за новата iPhone 12 серијата телефони. Неодамна дознавме дека Apple спроведе истражување за 5W полначи кои пристигнуваат со iPhone. Исто така, дознавме дека пакувањето на уредот би можело да биде помали и дека нема да ги содржи EarPods слушалките, нуту полнач.

Сега, новите информации кои ни ги овозможува аналитичарот Минг-Чи Куо сугерираат дека новите iPhone модели ќе имаат премиум камера. Куо истакнува дека смартфоните ќе пристигнат со „премиум леќи кои ќе го подобрат квалитетот на сликата“. Овие премиум леќи ќе ги обезбеди компанијата Largan.

Компонентите ќе бидат испорачувани од јули, со оглед на тоа дека извештаите сугерираат дека Apple го одложува производството на новите iPhone модели за четири до шест недели во втората половина од годината. Тоа значи дека најголем дел од испораките на телефони се очекува помеѓу септември и ноември.

Куо не ги споменува можните причини за ова одложување, но истакнува уште некои подобрувања за iPhone 12 камерата, вклучувајќи поголем сензор кој ќе може да прими повеќе светло и да овозможи подобар квалитет на сликата.