YouTube TV најави дека ќе ја подигне цената од 50 долари на 64,99 долари, откако платформата ќе почне да нуди осум ViacomCBS канали. Меѓу нив се BET, CMT, Comedy Central, MTV, Nickelodeon, Paramount Network, TV Land и VH1.

Промената на цените веднаш стапи на сила за сите нови претплатници, додека постоечките корисници оваа промена ќе ја видат во текот својот следен циклус на наплата. Зголемување за 15 долари означува последен раст на цените, и за YouTube TV ова е најголем скок досега. Најпрвин платформата чинеше 35 долари месечно, па на почетокот на 2018. година цената беше зголемена на 40 долари месечно, кога биле уфрлени каналите од Turner мрежата. Трошоците повторно се зголемија во 2019. година на 50 долари месечно, кога YouTube ги додаде и Discovery каналите. И сега, со додавање на споменатите ViacomCBS канали, има најголем скок на цената на 64,99 долари.

Од YouTube објаснуваат дека зголемената цена можеби е неприфатлива за некои корисници, но дека ова е направено, бидејќи го одразува растот на трошоците, но и целосната вредност на платформата и нејзиниот квалитет. Од компанијата сметаат дека со додавање на новите функции се менува начинот на кој гледаме ТВ во живо. Само за споредба, Hulu чини 54,99 долари месечно, а AT&T TV чини 55 долари, така што со новото зголемување на цената, YouTube, сепак, отскокнува од конкуренцијата.