Луѓето кои се негативни на тестот за коронавирусот сè уште може да имаат некој имунитет, покажува најново истражување направено во Шведска.

На секое лице кое е позитивно на антитела доаѓаат две кои имаат специфични Т-келии кои ги идентификуваат и уништуваат заразените клетки, пренесува BBC.

Ова е видено дури и кај луѓе кои имале благи симптоми на COVID-19 или воопшто немаат никакви симптоми. Сепак, сè уште не е јасно дали станува збор за заштита само за индивидуата или може да ги спречи да го пренесат вирусот на други.

Научниците од Институтот Каролинкс во Шведска тестирале 200 лица и за антитела и за Т-клетки. Некои биле крводарители, додека други биле од групата луѓе кои биле првите случаи во Шведска, претежно оние што се вратиле од области како што е Северна Италија.

Ова би можело да значи дека поголема група има одредено ниво на имунитет кон COVID-19 отколку што покажуваат податоците добиени од тестирањето на антитела.

Антителата служат за неутрализирање на вирусот веднаш штом ќе влезе во телото. Ако не успеат, тој може да влезе во ќелиите и да ги претвори во фабрики за производство на вируси.

Т-клетките, од друга страна, ги напаѓаат веќе заразените клетки и целосно ги уништуваат, спречувајќи ги да се шират во други, поздрави клетки.