Poco M2 Pro за кој се појавуваа гласини во последните неколку месеци, ќе биде претставен на 7. јули во Индија.

Објавата на телефонот ќе го обележи дебито на новата M серија, која ќе им се придружи на постоечките X и F линии (кои ги вклучуваат моделите X2, F1 и F2 Pro).

Poco се уште не ги објави спецификациите за М2 Pro, но ни даде назнака на задната странба на уредот, која е слична на глобалната верзија на Redmi Note 9 Pro моделот. Тука се четири камери сместени централно, со LED блиц кој е сместен подолу.

Покрај тоа, дополнителен видео тизер ја покажува силуетата на M2 Pro моделот, со сензор за отпечатоци од прсти од страна. Засебен тизер ја потврдува поддршката за брзо полнење.

Претходните гласини сугерираа дека M2 Pro е ребрендиран Redmi Note 9 Pro, со спецификации кои вклучуваат Snapdragon 720G чипсет, 6.67″ FullHD+ LCD екран и 5020mAh батерија со 30W полнење. Се очекува 16MP предна камера, како и 64MP главен сензор на задната страна, со дополнителна 8MP ултраширока, 5MP макро камера и 2MP сензор за длабочина.