Американскиот институт за безбедност во сообраќајот (IIHS) спровел студија која покажува дека и доколку сите автомобили се опремени со автопилот, тоа нема да помогне да се избегнат сите сообраќајни незгоди.

„Сосема е веројатно дека автономните автомобили во крајна линија можат подобро да го утврдат ризикот од опасност на патот споредбено со луѓето. Но, според анализите тоа нема да помогне да се спречат повеќето сообраќајни незгоди“, велат авторите на студијата.

За да разјаснат колку незгоди би се случиле доколку сите автомобили би имале автопилот, експертите од IIHS анализирале 5.000 сообраќајни незгоди. 24% од нив се резултат на возачка грешка – невнимание, слаба видливост на патот и неможност за проценка на ситуацијата. Други 10% се резултат на употреба на алкохол и наркотици, како и поради здравствени проблеми на лицето зад воланот.

Сите останати несреќи се поврзани со предвидување (на пример погрешна проценка на брзината), планирање и донесување одлуки, како и неспособност за справување со управувањето на возилот. Некои несреќи се должат и на оштетување на автомобилот. Се на се, според експертите, само третина од сообраќајните несреќи се должат на човечка грешка, а кои автопилотот може да ги предвиди и избегне.

За да се спречат преостанатите две третини од сообраќајни незгоди, системите мора да бидат програмирани безбедноста да е приоритет, а не брзината и удобноста при патувањето. На овој начин, автопилотот ќе може попрецизно да ги предвидува ситуациите, нормално ако сите останати системи работат без проблеми.

Извор: Додај Гас