Компанијата Lenovo го претстави новиот 11-инчен Chromebook 3, кој веќе е достапен во продажба.

Chromebook 3 може да се купи за 229 долари преку интернет страницата на компанијата Lenovo, а овој уред им се придружува на евтините Chrome OS уреди, меѓу кои се Chromebook Duet, кој чини 279 долари и Flex 5, за кој е потребно да се издвојат 359 долари.

Новиот модел го заменува 14-инчниот Chromebook 3, кој беше наследник на Chromebook S340. Тој модел чинеше 249 долари и повеќе не е достапен во продажба.

Новиот 11-инчен екран е помал, но неговите спецификации се подобри во однос на 14-инчниот екран. Екранот е посветол со 250 нита во однос на 220 нита од претходниот модел, а меморијата е зголемена од 32 на 64 GB. Тоа ќе им дојде добро на оние кои сакаат да имаат многу Android апликации, да снимат многу фотографии и друга содржина.

Достапна е и нова боја, за која од Lenovo истакнуваат дека се работи за onyx врна боја со два тоја со текстура, додека 14-инчниот модел беше со сива боја, Новиот Chromebook е тежок 1,12 кг и полесен е од претходникот. Тоа би можело да го направи привлечен за оние кои бараат секундарен уред за користење дома или за студентите кои сакаат да го носат во свооите торби. Екранот не е осетлив на допир.

Како и претхондикот, новиот уред поседува два USB-C порта, два USB-A порта, влез за слушалки и читач на microSD картички. Доби 720p камера и батерија од 42Wh, а со него доаѓа и 45W AC адаптер. Лаптопот користи Intel Celeron N4020 процесор кој е доволен за еден Chromebook.