Корисниците сега повеќе не мораат да се грижат дали ќе бидат во можност да префрлаат Facebook фотографии и видео фајлови во Google Photos. Претставникот на компанијата на Twitter објави дека сега сите корисници ширум светот имаат пристап до алатката, која испраќа медиа фајлови во cloud сервисот на Google.

Како и претходно, потребно е корисникот да оди во „Your Facebook Information“ во подесувањата и на сајтот да му каже да ги префрли сите фотографии или видеа (не е можно да се извршува и едно и друго во ист момент) на Google платформата.

Ова е дел од индустрискиот Data Transfer Project, кој е наменет да се подобри преносливоста на информациите на корисникот помеѓу сервисите. Корисникот нема да мора го држи отворен профилот на Facebook (или да биде загрижен дека ќе биде хакиран), само за да ги сочува сите свои фотографии и видео фајлови.