Со оглед на тоа што коронавирусот се пренесува по пат на респираторни капки, се верува дека кашлањето и кивањето се главните начини на ширењето на овој вирус. Меѓутоа, очигледно не е така.

Кинеските научници велат дека пациентите издишуваат милиони вирусни чстички на еден час, па дури и доколку имаат благи или пак немаат симптоми воопшто.

Најновото истражување покажува декаедноставното дишење и разговор со некој може да биде најчест начин за ширење на коронавирусот.

Ова откритие многу лесно го бјаснува тоа поради што вирусот толку брзо се шири во светот.

Ескпертите сметаат дека сега е многу јасно дека носењето маски има најголемо влијание на спречување на ширењето на коронавирусот.

Во истражувањето учествувале 35 пациенти заразени со коронавирус, кај кои што собрани биле речии 300 примероци од нивниот здив, како и одповршината и воздухот од болницата.

Тука е откриено дека три пати поголема количина од вирусот пронајдена е во здивот на пациентите, во споредба со површината на болниците.

Истражувачите од Националниот институт за здравје откриле дека заразените респираторни капки, можат да се задржат во воздухот од 8 до 14 минути, откако некој ќе заврши со зборување.

Извор: Srbija Danas