Според компјутерските симулации, контактите најдобро е да се ограничат на оние секојдневните, од типот на дом, работа, училиште.

Светот веќе се подготвува за возможниот втор бран од епидемијата коронавирус, кој што би можел да се појави наесен, а научниците велат дека успешната борба против вирусот е целосно затворање на земјите, затоа што бројот R е клучен кој што ја покажува брзината на ширењето на вирусот во поедини групи кои што се нарекуваат ”суперширачи“ на Ковид-19.

Додека со бројот R се покажува колку луѓе може да зарази една заразена личност, бројот K покажува колку брзо се шири болеста во одредени жаришта, односно во текот на настаните на кои што се собираат многу луѓе.

„Кластер значи ширење на болеста во групи, а бројот К зборува за тоа колку луѓе се одговорни за одреден процент на заразување“ – објаснува епидемиологот Колариќ.

Тој додава дека Ковид-19 се шири изедначено. Во некои услови, на пример кога многу луѓе на исто место гласно зборуваат, пеат или пак врескаат, а покрај тоа тоа место е ладно, коронавирусот ќе се шири многу побрзо.

Од лондонското училиште за хигиена и тропска медицина велат дека еден од десет луѓе е ”суперширач” на болеста односно многу лесно го шири коронавирусот.

Тие нагласуваат дека околу 80 отсто од сите случаи на Ковид-19 се предизвикани од само 10 отсто од пациентите.

Кога истите тие ќе се најдат во некоја поголема група на луѓе, спортски настан или пак концерт, сигурно е дека многумина ќе се заразат од нив. Опасноста е многу поголема во затворените простори, дури 19 пати.

Затоа научниците сметаат дека за вториот бран на коронавирусот клучно ќе биде следењето на тие меганастани. Препорака на ескпертите е да се избегнуваат такви масовни собири сè додека не се пронајде вакцината и не се стекне колективен имунитет.

Извор: Objektiv.rs