Вселенските агенции на Русија и Соединетите Американски Држави, Roscosmos и NASA, се во преговори за меѓусебно обезбедување места на летовите до Меѓународната вселенска станица (ISS).

Ова го изјави претставникот на Roscosmos во Казахстан, Анатолиј Красников.

“Зборуваме за ситуација кога руските космонаути ќе летаат американски вселенски летала, а американските астронаути ќе продолжат да летаат со наши вселенски летала. Јасно е дека ова претсавува итна потреба, бидејќи гледаме дека се појави нов систем на пренесување човечки екипина ISS”, изјави Красников на прес конференција.,

Да потсетиме, пред неколку дена, во соработка со организацијата NASA и SpaceX, “Kru dragon” со астронаути слета на ISS.

Членовите на екипажот на ISS мора да бидат во состојба да управуваат и руски и американски транспортен систем за да обезбедат взаемна поддршка, изјави Красников, потенцирајќи дека за тоа постои интерес од двете страни.

Во име на Roscosmos, Красников им честиташе на американски колеги за успешното лансирање, наведува TASS.

„Им честитаме од срце, тоа е навистина голем успех за нив и нешто фантастично“, изјави Красников.

Извор: B92.net