Италијанскиот производител на автомобили лансираше модели кои поседуваат систем за прочистување на воздухот.

Се чини дека пандемијата на коронавирусот е минато и дека светот полека, но сигурно се враќа во нормала, но сепак луѓето се повеќе и повеќе обрнуваат внимание на хигиената и чувањето на здравјето.

Fiat одлучи во своите модели да го уфрли системот на филтрирање на воздухот, систем кој го нарекоа D-Fence, и кој е сместен во моделите Panda и 500, а секако станува збор за хибридни верзии.

Fiat Panda со D-Fence системот ќе чини 9820 еврa, додека Fiat 500 ќе се продава по цена од 10.820 евра во таа верзија.