Известувањата се корисна опција на веб, но бидејќи ги користат се поголем број на луѓе, се појавуваат се повеќе малициозни верзии кои ги користат хакерите.

Google е запознат со ова и компанијата признава дека известувањата во прегледниците не се користат секогаш за нивната основна улога и често стануваат алатка за имплементирање на малвери или за пристап до приватните информации на корисниците.

Компанијата планира да се избори со овој проблем, така што ќе додава сајтови со нападни барања за одобренија и нападни известувања во својот потивок кориснички интерфејс за известувања. Корисниците ќе бидат известени кога сајтот ќе проба да ги наведе да кликнат на одредено известувања. Ова ќе биде имплементирано во Chrome 84 верзијата, која пристигнува на 14. јули.

Постои можност дека сличните подобрувања ќе бидат имплементирани и во други прегледници, кои ги покренува Chromium платформата, вклучувајќи го и Microsoft Edge.