Откако се појавија рендери на Galaxy Note20+ моделот, сега е познато и во кои бои ќе биде достапна Galaxy Note20 линијата. Според наводите на инсајдерите, Note20 ќе биде достапен во сива, зелена и боја на бакар, додека Note20+ ќе има црна и верзија на боја на бакар.

Samsung овој пат може да се одлучи за поедноставени и помалку живописни бои, иако би можело да се случи повеќе варијанти на бои да видиме по објавата на уредите.

Според гласините, бакарната боја нема да биде иста како онаа кај Galaxy Note9 моделот. Бакарната овој пат повеќе ќе навалува кон златната нијанса.

Секако, можно е споменатите бои да бидат само дел на вкупната палета која ќе биде достапна. Повеќе детали за овие опции би можеле да се појават како ќе се приближуваме до објавата на Galaxy Note20 линијата смартфони.