Компанијата HTC веќе извесно време не објавила премиум телефон, меѓутоа според најновите извештаи кои пристигнуваат од Кина, смартфонот на HTC од горниот сегмент на пазарот се очекува во јули.

Сајтот MyDriver тврди дека за нешто повеќе од еден месец ќе биде претставен телефон на HTC со Snapdragon 865 чипсет и 5G поддршка. Не е многу познато за остатокот од спецификациите на уредот, кој наводно ќе биде инспириран од HTC U12+ моделот, кој е објавен пред две години.

Пред објавата на 5G премиум уредот, HTC би требало да претстави 4G model од Desire 20 серијата во средниот сегмент, а овој уред се очекува следниот месец. Најверојатно се работи за HTC Desire 20 Pro телефонот, со четири задни камери и punch-hole отвор за селфи камерата од предната страна