Honor во текот на оваа недела го претстави X10 5G телефонот од средниот сегмент, а претседателот на компанија Жао Минг во текот на презентацијата објави интересна информација. Тој истакна дека Honor работи на тоа да го засили своите односи со MediaTek и планира да ги користи 5G чиповите на компанијата во идните Honor телефони.

Оваа информација пристигнува откако САД неодамна ја продолжија забраната за Huawei (како и Honor) да соработуваат со американските компании за уште една година, што значајно го лимкитира пристапот до чиповите за овие две компании. Ова Huawei и Honor ги става во незгодна позиција, така што префрлањето на новите снабдувачи на чипови, како што е MediaTek, претставува логично решение.

MediaTek Dimensity серијата чипсети нуди голем број достапни 5G опции и имплементира некои интересни и корисни функции, како што е dual SIM 5G поддршката, па ќе биде интересно да се види како сето ова ќе биде имплементирано на Huawei и Honor телефоните.