OnePlus 8 серијата ќе биде претставена следната недела, а во меѓувреме се појавија информации за потенцијалните цени на OnePlus 8 и OnePlus 8 Pro моделите на европскиот пазар. Цените ги забележа сајтот WinFuture на Alsa.sk малопродажниот синџир.

Според овој листинг, OnePlus 8 Pro ќе има почетна цена од 919 евра. Доколку оваа цена е точна, телефонот ќе биде за повеќе од 200 евра поскап од OnePlus 7 Pro моделот, кој лани дебитираше по цена од 699 евра. Извештајот укажува на тоа дека OnePlus 8 Pro ќе има значајна надградба во однос на својот претходник, кога се во прашање камерите и квалитот на изработка. OnePlus 8 има основна цена од 719 евра.

Протечените цени на претстојните OnePlus 8 и OnePlus 8 Pro се следни:

OnePlus 8 (8GB RAM/128GB): €719
OnePlus 8 (12GB RAM/256GB): €819
OnePlus 8 Pro (8GB RAM/128GB): €919
OnePlus 8 Pro (12GB RAM/256GB) €1.009