Помина доста време откако стандардната верзија на Windows бараше помалку од 1GB RAM за работа. Меѓутоа, шеснаесетгодишник на Twiiter објави скриншотови на Windows 10, кој е покренат на само 192MB RAM, а делумно се подига и на 140МВ.

Објавата на Twiiter го забележа сајтот Tom’s Hardware, каде корисникот @0xN0ri забележа напредок на своите тестови. Тој најпрвин успешно ја бутираше 32-битната верзија на Windows 10 (верзија 1909) со 512MB RAM, што е половина од официјалните барања.

Корисникот за Tom’s Hardware истакна дека Windows 10 го покренал во опкружување на виртуелна машина (Oracle VM Virtualbox), на Dell Inspiron 3670 десктоп систем, со Arch Linux.

Ова на @0xN0ri му овозможи да продолжи да ја намали количината на RAM меморија, најпрвин на 256GB, а потоа и на 192MB. Корисникот проба да го стартува Windows 10 и на само 128MB RAM, што резултираше со син екран. Обидот на 140MB технички овозможи да се подигне системот, но не беше доволно да се вчита корисничкиот интерфејс за логирање.

„Беа потребни оолу три минути да се подигне системот на десктоп, а беше неупотреблив со фајлот за виртуелна машина на мојот хард диск со 7200 RPM. Можев само да го користам task manager, CMD и file explorer на 192MB RAM, а перформансите беа многу лоши со 15MB слободен простор“, истакна корисникот @0xN0ri.