новата Disney видео „стриминг платформа“, за пет месеци колку што постои, собра дури околу 50 милиони претплатници ширум светот.

Во изминатите две недели компанијата лансираше онлајн видео сервис во осум европски земји и Индија, што помогна за брз раст на нови корисници. Само во Индија, Disney+ веќе брои осум милиони претплатници, соопшти компанијата.

Акциите на Disney, кои во последните неколку недели паднаа поради затворањето на тематските паркови и одложувањето на бројните премиери, скокнаа по вестите за бројните нови претплатници за дури 8,1 процент, на 109,30 долари.

Disney+ е дел од трикратниот напад на оваа компанија на онлајн видео пазарот, кој вклучува и спортски сервис ESPN и веб сајт за бесплатно превземање на видео содржина Hulu, која има повеќе програми за пошироката публика.

Со стотици милиони семејства ширум светот кои поради коронавирусот се затворени во нивните домови, стриминг платформите бележат голем раст на бројот на корисници.

Disney+ содржи бројни оригинални програми, како што се серијата The Mandalorian, првата играна Star Wars серија во историјата, како и стотици култни филмови и ТВ емисии од трезорот на компанијата.

Дополнителна мамка за претплатниците е секако и цената на месечната претплата, која во САД изнесува прифатлива седум долари, што оваа платформа ја прави многу поевтина од главниот конкурент Netflix.